Прашање
Кој е Сатаната?
Одговор
Верувањата на луѓето во врска со Сатаната варират од бесмисленост до апстрактност – од мал црвен човек со рогови кој седи на твоето рамо барајќи од тебе да грешиш, до израз кои се користи да се опише персонификација за злото. Библијата, меѓутоа, ни дава јасен портрет за тоа кој е Сатаната и како тој влијаее врз нашите животи. Едноставно ставено, Библијата го дефинира Сатаната како ангелско суштество кој падна од неговата позиција на небото поради гревот и сега е целосно спротивен од Бог, правејќи се што е во негова моќ да ги спречи Божјите намери.
Сатаната беше создаден како свет ангел. Исаија 14:14 можеби го дава името на Сатаната пред падот, а тоа е Луцифер. Езекиел 28:12-14 го опишува Сатаната создаден како херувим, очигледно најврховниот создаден ангел. Тој стана арогантен во неговата убавина и статус и одлучи дека тој сака да седне на престол на оној повисок од Бог (Исаија 14:13-14; Езекиел 28:15; 1 Тимотеј 3:6). Гордоста на Сатаната го доведе до неговиот пад. Обрнете внимание на многуте “Јас ќе“ изјави во Исаија 14:12-15. Поради неговиот грев, Бог го отстрани Сатаната од небото.
Сатаната стана владетел на овој свет и кнезот на сите сили во воздухот (Јован 12:31; 2 Коринтјаните 4:4; Ефесјаните 2:2). Тој е обвинител (Откровение 12:10), искушувач (Матеј 4:3; 1 Солунјаните 3:5), и измамник (Битие 3; 2 Коринтјаните 4:4; Откровение 20:3). Неговото вистинско име значи “противник“ или “некој кој се спротивставува.“ Уште едно од неговите имиња, ѓаволот, значи “клеветник.“
Иако тој беше исфрлен од небото, тој се уште се обидува да го подигне својот престол над Бог. Тој имитира се што Бог прави, со надеж дека ќе стекне обожавање од светот, и да ги поттикне на противење против Божјото царство. Сатаната е крајниот извор зад секој лажен култ и светска религија. Сатаната ќе направи било што и се што е во негова моќ да се спротивстави на Бог и на оние кои го следат Бог. Сепак, судбината на сатаната е запечатена – вечност во огненото езеро (Откровение 20:10).
English
Кој е Сатаната?