Прашање
Кој го создаде Бог? Од каде Бог дојде?
Одговор
Вообичаен аргумент од атеистите и скептиците е дека ако за сите работи треба причина, тогаш треба причина и за Бог. Заклучокот е дека ако постои причина за Бог, тогаш Бог не е Бог (и ако Бог не е Бог, тогаш се разбира дека нема Бог). Ова е малку повеќе софистицирана форма на основното прашање ‘’Кој го створи Бог’’? Секој знае дека нешто не доаѓа од ништо. Па, ако Бог е ‘’нешто,’’ тогаш Тој мора да има причина, нели?
Прашањето е лукаво бидејќи се прикрадува во лажната претпоставка дека Бог дојде од некаде а потоа прашува од каде може да биде тоа. Одговорот е дека прашањето нема никаква смисла. Тоа е како да се прашува, ‘’Како мириса синото?’’ Синото не е во категорија на нешта кои имаат мирис, па прашањето само по себе е погрешно. На истиот начин, Бог не е во категорија на нешта кои кои се создадени или имаат причина. Бог претходи без причина и е несоздаден – Тој едноставно постои.
Како го знаеме ова? Знаеме дека од ништо, ништо не доаѓа. Па, ако некогаш имало време кога немало апсолутно ништо во постоење, тогаш ништо не би дошло во постоење. Но работите постојат. Затоа, бидејќи таму не би можело никогаш да постои апсолутно ништо, нешто морало отсекогаш да било во постоење. Тоа секогаш – постоечко нешто е она што ние го нарекуваме Бог. Бог е Битието кое претходи без причина кое што предизивика се друго да дојде во постоење. Бог е несоздадениот Творец кој го создаде универзумот и се во него.
English
Кој го создаде Бог? Од каде Бог дојде?