Зошто да се молиме?



Прашање: Зошто да се молиме? Што е поентата на молитвата кога Бог ја знае иднината и е во контрола над се. Ако не можеме да го промениме Божјиот ум, зошто треба да се молиме?

Одговор:
За христијанинот, молењето треба да биде како дишењето, полесно да се направи отколку да не се направи. Се молиме од различни причини. За една работа, молитвата е облик на служење на Бог (Лука 2:36-38) покорност кон Него. Се молиме бидејќи Бог ни заповеда да се молиме (Филипјаните 4:6-7). Молитвата е ни е пример од Христос и раната црква (Марко 1:35; Дела 1:14; 2:42; 3:1; 4:23-31; 6:4; 13:1-3). Ако Исус мислеше дека е полезно да се молиме, треба и ние. Ако Тој требаше да се моли да остане во волјата на Таткото, колку повеќе треба ние да се молиме?

Друга причина да се молиме е дека Бог има намера молитвата да биде средството за добивање на Неговите решенија во голем број на ситуации. Се молиме во рамките за подготовките на големи одлуки (Лука 6:12-13); да ги надминеме демонските бариери (Матеј 17:14-21); да собереме работници за духовната жетва (Лука 10:2); да добиеме сила за надминување на искушението (Матеј 26:41); како и да обезбедиме средства за духовно зајакнување на другите (Ефесјаните 6:18-19).

Доаѓаме пред Бог со нашите специфични барања, и ги имаме Божјите ветувања дека нашите молитви не се залудни, дури и да не го добиеме конкретно тоа што го баравме (Матеј 6:6; Римјаните 8:26-27). Тој ни вети дека кога ќе ги бараме работите кои се во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го даде она што го бараме (1 Јован 5:14-15). Понекогаш Тој ги одложува Неговите одговори според Неговата мудрост и за наша корист. Во овие ситуации, ние треба да сме внимателни и упорни во молитвата (Матеј 7:7; Лука 18:1-8). Молитвата не треба да се гледа како како наши средства Бог да ја исполни нашата волја на земјата, туку како средство Божјата волја да биде исполнета на земјата. Божјата мудрост многу повеќе ја надминува нашата.

За ситуации во кои не ја знаеме Божјата волја конкретно, молитвата е средство да ја распознаеме Неговата волја. Ако Сириската жена со ќерка која беше под влијание од демон не му се молеше на Христос, нејзината ќерка никогаш немаше да биде потполна (Марко 7:26-30). Ако слепиот човек надвор од Ерихон не повикаше кон Христос, тој ќе останеше слеп (Лука 18:35-43). Бог кажа дека често не добиваме бидејќи не бараме (Јаков 4:2). Во извесна смисла, молитвата е како споделување на Евангелието со луѓе. Не знаеме кој ќе одговори на пораката на Евангелието се додека не го споделиме. На ист начин, никогаш нема да го видиме резултатот на одговорената молитва освен ако не се молиме.

Недостатокот на молитва покажува недостаток на вера и недостаток на доверба во Божјиот Збор. Се молиме да ја покажеме нашата вера во Бог, дека Тој ќе направи така како што ветил во Својот Збор и ќе ги благослови нашите животи поизобилно отколку што ние можеме да побараме или да се надеваме (Ефесјаните 3:20). Молитвата е нашето основно средство за да ја гледаме Божјата работа во животите на другите. Бидејќи тоа е наше средство “вклучувањето во“ Божјата сила, е наше средство за победа над Сатаната и неговата армија кои ние самите сме немоќни да ја совладаме. Затоа, нека Бог често не наоѓа пред Неговиот трон, зошто имаме првосвештеник на небото кој може да се соживува со се што ние поминуваме (Евреите 4.15-16). Ги имаме Неговите ветувања дека непоколебливата молитва на праведниот човек постигнува многу (Јаков 5:16-18). Нека Бог го прослави Своето име во нашите животи, како што ние веруваме во Него доволно да доаѓаме пред Него во молитва.


вратете се назад на основната македонска страница

Зошто да се молиме?