Зошто треба да ја читаме/проучуваме Библијата?



Прашање: Зошто треба да ја читаме/проучуваме Библијата?

Одговор:
Треба да ја читаме и проучуваме Библијата бидејќи тоа е Божјиот Збор за нас. Библијата буквално е “од Бога вдахновена“ (2 Тимотеј 3:16). Со други зборови, тие се вистинските Божји зборови за нас. Има толку многу прашања кои филозофите побараа од Бог да ни ги одговори во Писмото. Што е целта на животот? Од каде доаѓаме? Има ли живот после смртта? Како можам да одам во рајот? Зошто светот е полн со зло? Зошто се борам да правам добро? Во прилог на овие “големи“ прашања, Библијата дава многу практични совети во областите како што се: Што треба да барам во партнерот? Како можам да имам успешен брак? Како можам да бидам добар пријател? Како можам да бидам добар родител? Што е успехот и како можам да го постигнам? Како можам да се променам? Што е навистина важно во животот? Како можам да живеам така што да не гледам назад со жалење? Како можам да се справам со нефер условите и лошите настани од животот победоносно?

Ние треба да ја читаме и проучуваме Библијата, бидејќи таа е сосема сигурна и без грешки. Библијата е единствена помеѓеу т.н “свети“ книги во тоа што не само што дава морално учење и да кажува, “Верувај ми.“ Наместо тоа, ние ја имаме способноста да ја тестираме со проверување на стотици детални пророштва која ги има, со проверка на историските документи, и со проверка на научните факти на кои се однесува. Тие кои што велат дека Библијата има грешки ги имаат затворено ушите за вистината. Исус еднаш праша што е полесно да се каже, “Ти се опростуваат гревовите,“ или “Стани, земи си ја постелата и оди си.“ Тогаш Тој докажа дека ја има способноста да опростува гревови (нешто кое што неможеме да го видиме со нашите очи) со тоа што ги исцелуваше фатените (нешто што тие околу Него неможеа да видат со сопствените очи). Слично на тоа, дадена ни е сигурност дека Божјиот Збор е вистинит кога се расправа за духовните области кои ние неможеме да ги тестираме со нашите сетила покажувајќи самите на себеси дека се вистина во оние области кои ние можеме да тестираме, како што се историска веродостојност, научна веродостојност, и пророчка веродостојност.

Треба да ја читаме и да ја проучуваме Библијата, бидејќи Бог не се менува и бидејќи човечката природа исто така не се менува; релевантно е за нас така како што е кога било напишано. Додека технологијата се променува, човечката природа и желбите не се променуваат. Гледаме дека, кога ги читаме страниците на библиската историја, дека без разлика дали зборуваме за еден-на-еден врски или општества “нема ништо ново под сонцето“ (Проповедник 1:9). И додека човештвото во целина продолжува да бара љубов и задоволство на сите погрешни места, Бог – нашиот добар и милостив Создател – ни кажува дека ќе ни донесе вечна радост. Неговиот откриен Збор, Библијата, е толку важна што Исус кажува за неа, “Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4:4). Со други зборови, ако сакаме да го живееме животот во потполност, како што Бог замислил, треба да го слушаме и да внимаваме на Божјиот Збор.

Треба да ја читаме и проучуваме Библијата, бидејќи постојат толку многу лажни учења. Библијата ни дава мерило со кое можеме да ја разликуваме вистината од заблудата. Таа ни кажува каков е Бог. Да се има погрешна претстава за Бог е да се обожава идол или лажен бог. Со тоа, ние обожаваме нешто што Тој не е. Библијата ни кажува како некој навистина да стигне до рајот, и тоа не е да се биде добар или да се биде крстен или со било што друго да правиме (Јован 14:6; Ефесјаните 2:1-10; Исаија 53:6; Римјаните 3:10-18, 5:8, 6:23, 10:9-13). Заедно со оваа линија, Божјиот Збор ни покажува колку многу Бог не сака (Римјаните 5:6-8; Јован 3.16). И во тоа учење сме привлечени да Му ја возвратиме љубовта (1 Јован 4:19).

Библијата не подготвува да Му служиме на Бог (2 Тимотеј 3:17; Ефесјаните 6:17; Евреите 4:12). Ни помага да разбереме како да бидеме спасени од нашиот грев и неговите крајни последици (2 Тимотеј 3:15). Со медитирање на Божјиот Збор и почитувањето на неговите учења ќе донесеме успех во животот (Исус Навин 1:8, Јаков 1:25). Божјиот Збор ни помага да го видиме гревот во нашите животи и ни помага да се ослободиме од него (Псалм 119:9, 11).

Ни дава водство во животот, правејќи не помудри од нашите учители (Псалм 32:8, 119:99; Изреки 1:6). Библијата не штити од залудно губење на годините од нашиот живот од она што не е важно и нема да трае (Матеј 7:24-27).

Читањето и проучувањето на Библијата ни помага да погледнеме над “мамката“ на болната “јадица“ во грешните искушенија, така што можеме да научиме од грешките на другите, наместо самите себе да ги правиме. Искуството е голем учител, но кога станува збор за учење од гревот, тоа е ужасен тежок учител. Многу подобро е да да учиме од грешките на другите. Има толку многу библиски ликови од кои можеме да се поучиме, некои од нив можат да ни служат како позитивни и негативни примери во различни периоди од животот. На пример, Давид, во неговата победа кон Голијат, не учи дека Бог е поголем од било што Тој бара ние да се соочиме (1 Самоил 17), додека неговото подлегнување на искушението да стори прељуба со Вирсавија открива колко долготрајни и страшни можат да бидат последиците од моменталното задоволство на гревот (2 Самоил 11).

Библијата е книга која не е само за читање. Тоа е книга за поучување, која може да се применува. Инаку, тоа е како голтање на храната без џвакање, а потоа со плукање да се врати назад повторно – никаква нутриционистичка вредност не е постигната со тоа. Библијата е Божјиот Збор. Како таква, таа е обврзувачка во однос на законите на природата. Можеме да ја игнорираме, но тоа ќе го правиме за наша сопствена штета, исто така ако би се игнорирал законот за гравитација. Не може да се нагласи колку доволно силна и важна е Библијата за нашите животи. Проучувањето на Библијата може да се спореди со откопување на злато. Ако направиме малку напор и “просееме камчиња во потокот,“ ќе откриеме мала златна прашина. Но, колку повеќе правиме напор да копаме во неа, толку повеќе награди ќе добиеме за нашите напори.


вратете се назад на основната македонска страница

Зошто треба да ја читаме/проучуваме Библијата?