settings icon
share icon
Прашање

Дали жената треба да се покорува на нејзиниот маж?

Одговор


Покорството е важно прашање во врска со бракот. Еве ја едноставната библиска заповед: “Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото. Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè.” (Ефесјаните 5:22-24).

Дури и пред гревот да дојде на светот, се уште постоеше принципот на водство на сопругот (1 Тимотеј 2:13). Адам беше создаден прв, а Ева беше создадена да биде “помошник“ за Адам (Битие 2:18-20). Бог воспостави неколку видови авторитет во светот: влади, да ја спроведуваат правдата во општеството и да обезбедат заштита; пастори, да ги водат и хранат Божјите овци; мажи, да ги сакаат и негуваат нивните жени; и татковци да ги опоменат своите деца. Во секој случај, се бара покорство: граѓанинот кон владата, стадото на пасторот, жената на мажот, детето на таткото.

Грчкиот збор преведен “покорува,“ хупатосо е продолжителната форма на глаголот. Ова значи дека покорувањето кон Бог, владата, пасторот, или мажот не е еднократен чин. Тоа е континуиран став, кој станува модел на однесување.

Прво, се разбира, ние сме одговорни да се покориме на Бог, што во едно е единствениот начин да ние вистински го следиме (Јаков 1:21; 4:7). И секој Христијанин треба да живее во понизна, спремна покорност кон другите (Ефесјаните 5:21). Во однос на покорството во рамките на семејната заедница, 1 Коринтјаните 11:2-3, вели дека мажот треба да се покорува на Христос (како што Христос го направи тоа кон Бог Таткото) и така жената треба да му се покорува на нејзиниот маж.

Постои многу недоразбирање во светот денес за улогите на мажот и жената во рамките на бракот. Дури и кога библиските улоги се правилно разбрани, многумина избираат да ги отфрлат во корист на претпоставената “еманципација“ на жените, со што се раздвојува семејната единица. Не е чудно што светот ја отфрла Божјата замисла, но затоа Божјите луѓе треба радосно да ја слават таа замисла.

Покорува не е лош збор. Покорството не е одраз на инфериорност или помала вредност. Христос постојано се покоруваше на волјата на Таткото (Лука 22:42; Јован 5:30), без да се откаже ни јота од Неговата вредност.

За да се спротивставиме на дезинформациите на светот во врска со покорството на жената кон нејзиниот маж, треба внимателно да го разгледаме следново во Ефесјаните 5:22-24: 1) Жената треба да се покорува на еден маж (нејзиниот сопруг), а не на секој маж. 2) Жената треба доброволно да се покорува на нејзиниот маж во лична послушност кон Господ Исус. Таа се покорува на нејзиниот маж од љубов кон Исус. 3) Примерот на покорноста на жената е оној на црквата Христова. 4) Нема ништо кажано за способностите на жената, таленти, или вредност; фактот што таа му се покорува на нејзиниот маж не значи дека таа е инфериорна или помалку достојна на било кој начин. Исто така, забележете дека не постојат квалификации за заповедта за покорството, освен “во се“. Па, мажот не треба да положи тест за спосoбност или за разузнавање пред неговата жена да се покори. Може да значи дека таа е подобро квалификувана од него да води на многу начини, но таа избира да ја следи Господовата заповед, со тоа што ќе се покорува на водството на нејзиниот маж. Притоа, побожна жена дури и може да го придобие нејзиниот неверен сопруг кон Господа, “без зборови“ едноставно со нејзиното свето однесување (1 Петар 3:1).

Покорството треба да биде природна реакција на љубезното водство. Кога мажот ја љуби жената како што Христос ја љуби црквата (Ефесјаните 5:25-33), тогаш покорството е природна реакција од жената кон нејзиниот маж. Но, без оглед на љубовта на мажот или недостатокот од неа, на жената и е заповедано да се покорува “како на Господ“ (стих 22). Ова значи дека нејзината покорност кон Бог – нејзиното прифаќање на Неговиот план – ќе резултира во покорство кон нејзиниот маж. Споредбата “како на Господ“ исто така, ја потсетува жената дека постои повисок авторитет на кого таа е одговорна. Така, таа не е обврзана да не го послуша граѓанскиот или Божјиот закон во име на “покорство“ кон нејзиниот маж. Таа се покорува во работи кои се вистинити, законити и за чест на Бог. Се разбира, таа не се “покорува“ на злоупотреба – бидејќи тоа не е правично, законито и за чест на Бог. Да се проба да се искористи принципот на “покорство“ да се оправда злоупотреба е да се искриви Писмото и да се промовира зло.

Покорството на жената кон мажот во Ефесјаните 5 не дозволува мажот да биде себичен или надмоќен. Неговата заповед е да љуби (стих 25), и тој е одговорен пред Бог во исполнувањето на таа заповед. Мажот мора да го искористи неговиот авторитет мудро, милостиво и од страв од Бога, на кого мора да даде сметка.

Кога жената е сакана од нејзиниот маж како што црквата е сакана од Христос, покорството не е тешко. Ефесјаните 5:24 вели: “Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè. Во бракот, покорството е позиција на давање чест и почит кон мажот (види Ефесјаните 5:33) и исполнување на она што му недостасува. Тоа е Божјиот мудар план за тоа како семејството треба да функционира.

Коментаторот Метју Хенри напишал: “Жената беше створена од страната на Адам. Таа не беше створена од неговата глава да владее над него, ниту од неговите нозe да биде газена од него, туку од неговата страна да биде еднаква со него, под неговата рака да биде заштитена, и блиску до неговото срце да биде сакана. “ Непосредниот контекст на заповедите на мажот и жената во Ефесјаните 5:19-33 вклучува исполнување во Духот. Верниците исполнети со Духот треба да обожаваат (5:19), да бидат благодарни (5:20), и покорни (5:21). Павле потоа ја следи оваа низа на размислување на исполнетост со Духот и го применува за жените во стиховите 22 – 24. Жената треба да се покорува на нејзиниот маж, не затоа што жените се инфериорни (Библија никогаш не го поучува тоа), туку поради тоа што Бог така замислил брачниот однос да функционира.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали жената треба да се покорува на нејзиниот маж?
© Copyright Got Questions Ministries