settings icon
share icon
Прашање

Што вели Библијата за жените пастори / проповедници и жените, кои имаат дадена служба?

Одговор


Мислам дека денес нема подискутирано прашање, од тоа дали жените можат да служат како пастири и проповедници во црквата. Затоа многу е важно кога дискутираме на ова прашање, да не ги спротивставуваме жените против мажите. Има жени, кои мислат дека жените не треба да служат во црквата како пастори и дека Библијата поставува граница врз службите на жените. Во исто време има и мажи, кои мислат дека жените можат да бидат пастири во црквите и дека Библијата не поставува никакво вето врз начините не служење на жените во црквата. Тоа не е прашање на шовинизам или дискриминација. Во прашање е начин на толкување на Библијата.

Во I Тимотеј 2:11-12 се кажува: „Жената да се учи во тишина и во секаква покорност! А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.“ Бог има дава различни улоги на мажот и на жената во црквата. Тоа е како резултат од начинот, на кој е создадено Творението (I Тимотеј 2:13), како и од начинот, по кој гревот навлегува во светот (I Тимотей 2:14). Преку апостолот Павле, Бог ги ограничува жените да не служат по начин, на кој ќе можат да имаат духовна власт над мажите, како на пример поучувањето. Тоа ја исклучува можноста жените да служат како пастири, зашто оваа позиција има дава можност да проповедаат, да поучуваат и налагање на духовна власт над мажите.

Има многу „против“ тоа прашање - жените да имаат служење / за жените пастори. Едно од најчестите спротивставености е тоа, дека апостолот Павле не дозволува на жените да поучуваат, зашто обично жените по време на први век не биле образовани. Но во I Тимотеј 2:11-14 никаде не се зборува за образованието на жените. Ако образованието го правеше некого готов за служба, тогаш повеќето од учениците на Исус немаше да можат да го исполнат ова барање. Второто „против“, што се среќава доста често е, дека Павле на дозволува да поучуваат само на жените во Ефес (тоа послание е напишано кон Тимотеј, кој тогаш бил пастор на црквата во Ефес). Градот Ефес бил познат со својот храм на Артемида – грчка / римска богиња. Жените земале доста авторитетно место во обожавањето на Артемида. Но во I Послание кон Тимотеј никаде не се споменува Артемида, ниту, пак, Павле некаде го посочува обожавањето на Артемида како основа за ограничувањата, кои ги поставува во I Тимотеј 2:11-14.

Третото од најчестите „против“ е дека Павле зборува само за сопругите и сопрузите а не за мажите и жените како целост. Возможно е грчките зборови во I Тимотеј 2:11-14 навистина да се однесуваат кон сопругите и сопрузите. Но основното значење на тие зборови се однесува за мажите и жените како целост. Освен тоа истите тие зборови се користат потоа во 8 -10 стихови. Дали само сопрузите треба да издигаат свети раце во молитва без гнев и без сомнеж (8 стих)? Дали само сопругите треба да се облекуваат со скромни алишта, да вршат добри дела и да се поклонуваат на Бога (9 – 10 стихови)? Се разбира не! Повеќе од јасно е, дека 8-10 стихови се однесуваат за мажите и жените како целост, а не само кон сопрузите и сопругите.

Друго, доста често среќавано, мислење за претставеното тука становиште за жените во служба / пастори има врска со Мириам, Дебора, Прискила, Фива и т.н. – жени, кои во Библијата имаат водечка улога. Ова мислење не обраќа внимание на неколку важни фактори. Во однос на Дебора – таа била единствена жена судија сред 13 мажи судии. Во однос на Олда – таа е жена пророк сред десетина пророци мажи, за кои што се зборува во Библијата. Единствена причина Мириам да има некаква врска со лидерството е, дека таа е сестра на Мојсеј и Аарон. Двете најзначајни жени по времето на царствата биле Готолија и Езевел, кои не би мижеле да ги наречеме добар пример за добри жени – лидери.

Во книгата Дела во 18 глава Прискила и Акила се покажани како верни Христови слуги. Прво се споменува името на Прискила, кое покажува дека нејзиното место во службата било „поважно“ во однос на тоа на нејзиниот сопруг. Но никаде не се споменува дека Прискила учествувала во некоја служба, која да противречи на I Тимотеј 2:11-14 . Прискила и Акила го доведуваат Аполос во својот дом и двајцата го поучуваат и му го објаснуваат попрецизно Божјото Слово (Дела 18:26).

Во Римјани 16:1, дури и ако прифатиме дека Фива е „ѓакон“ а не „служителка“, тоа не означува дека таа била учител во црквата. „Способен да поучува“ е карактеристика, која се дава на старешините на црквата а не за ѓаконите (I Тимотеј 3:1-13; Тит 1:6-9). Старешина, епископ, ѓакон се опишуваат како „маж на една жена“, кој има „покорни деца“ и „има добро сведоштво од надворешните“. Освен тоа во I Тимотеј 3:1-13 и во Тит 1:6-9 се користат само заменки од машки род, кои се однесуваат за старешините, епископите и ѓаконите.

Структурата на I Тимотеј 2:11-14 многу јасно посочува која е основата за тврдењето, кое е покажано таму. 13 стих започнува со „зашто“ и ја дава „причината“, која што Павле ја образложува во 11-12 стихови. Зошто жените не треба да поушуваат и да имаат власт над мажите? Зашто прво беше создаден Адам, потоа Ева. И Адам не беше измамен, туку жената беше измамена, и падна во престап.“ Тоа е причината. Бог прво го создаде прво Адам, а потоа ја создаде Ева, за да биде помошник на Адам. Овој ред на создавање има универзална употреба кон луѓето - како во семејството (Ефесјани 5:22-23) така и во црквата. Фактот дека Ева била измамена, исто так се посочува како причина жените да не служат како пастири или да имаат било каква духовна власт над мажите. Тоа ги тера некои да мислат, дека жените не треба да поучуваат, зашто се податливи на лаги. Тоа е многу спорно. Но ако навистина жените се податливи на лаги тогаш зошто им се дозволува да учат деца (кои исто така се лажат многу лесно) и други жени (за кои може да се каже дека се уште поподатливи на лаги)? Смислата на горниот текст не е точно таа. Жените не треба да поучуваат и да имаат духовна власт над мажите, затоа што Ева беше измамена. Како резултат на тоа Бог им дал на мажите првостепена власт да поучуваат во Црквата.

Кај жените се среќаваат многу често дарбите: гостопримство, милост, поучување и помагање. Голем дел од служењето во црквата зависи од жените. На жените во црквата не им е дозволено публично да се молат или да пророкуваат (I Коринтјани 11:5), а само да немаат духовна власт над мажите и да ги поучуваат. Во Библијата никаде не се забранува а жените да ги приложуваат дарбите на Светиот Дух (I Коринтјани 12 глава). Жените се призвани да служат на другите, да го изјавуваат плодот на Духот (Галатјани 5:22-23) и да го прогласуваат евангелието на другите (Матеј 28:18-20; Дела 1:8; I Петрово 3:15) исто колку и мажите.

Бог ги поставил мажите да служат со поучување и има дал духовен авторитет. Тој го поставува тоа, не дека мажите во секој случај се подобри учители, или затоа што жените се по ниши и помалку интелигентни (што не е така). Едноставно, тоа е начинот на кој Бог ја определил Црквата да функционира. Мажите треба да се пример во своето духовно лидерство, со својот живот и со зборовите, што ги употребуваат. Жените треба да имаат помала по авторитет улога. Жените се охрабрени да помагаат на други жени (Тит 2:3-5). Во Библијата, исто така, не им се забранува на жените да поучуваат деца. Единствено нешто што им се забранува на жените е да ги поучуваат мажите и така да усвојуваат духовна власт над нив. По самата логика тоа означува, дека на жените не им е дозволено да служат како пастири / проповедници. Тоа во никој случај не ги прави жените помалку вредни, но ги насочува кон служби, кои се во склад со дарбите што им ги дал Бог.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што вели Библијата за жените пастори / проповедници и жените, кои имаат дадена служба?
© Copyright Got Questions Ministries